Играчот од средниот ред на шкотската фудбалска репрезентација Скот Мектоминеј не жали за неговиот трансфер од англиски Манчестер Јунајтед во италијански Наполи во текот на летото.
Играчот од средниот ред им се приклучи на „наполитанците“ во трансфер вреден 30 милиони евра и има десет настапи во сите натпреварувања, забележувајќи три гола и две асистенции.
„За мене оваа одлука беше исклучително важна, бидејќи ги напуштав семејството и пријателите“, рече тој за „Скај спортс“.
„Во такви ситуации, треба навистина да размислите дали сакате да го направите тоа или не. Сакав и го направив. Не се враќам назад и не се каам за ништо во мојот живот или кариера. Продолжив да бидам таа личност, каква што бев порано. Сакам мојата кариера да биде успешна. Требаше да излезам од мојата комфорна зона и да се предизвикам себеси да бидам најдобриот фудбалер што можам да бидам. Исто така најдобрата личност што можам да бидам“, рече Мектоминеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА