Струга ТЛ и Шкендија утре од 14:30 часот во Струга го играат заостанатиот натпревар од четвртфиналето во Купот на Македонија, преку кој ќе биде одреден последниот полуфиналист во најмасовното домашно клупско натпреварување.
„По неколку натпревари и многу добри резултати во првенството, сега е време да го оставиме првенството на страна и целиот фокус да биде на натпреварот од Купот утре против Струга“ – вели фудбалерот на Шкендија, Анес Мелиќи, и дополнува:
„Гледајќи го пласманот на табелата и фактот дека е познато дека главната цел на Шкендија е шампионската титула, но секако дека се стремиме и кон Купот. Од друга страна, единствената опција на Струга за излез во Европа е Купот. Нормално очекуваме да бидат многу мотивирани, всушност против Шкендија секој ривал доаѓа со дополнителна мотивација. Атмосферата во нашиот тим е многу добра по добрите резултати. Се подготвивме максимално и утре одиме на позитивен резултат“.
Четвртфиналето се игра во само еден елиминациски меч…
„Да, форматот на Купот во оваа фаза носи само еден натпревар и кој ќе победи оди понатаму. Сакам да бидам претпазлив во она што го изјавувам, можам да кажам дека го подготвивме натпреварот многу добро и она што треба да го направиме е да го покажеме тоа на теренот утре. Воопшто не сме размислувале за опцијата натпреварот да се реши преку пенали и не сме тренирале ништо дополнително. Шкендија оди на победа во регуларното време и директен пласман во полуфиналето“ – вели Мелиќи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

