Мело: Имавме рецепт како Меси да изеде ќотек

Фелипе Мело, бразилскиот играч за врска, ќе остане запаметен како фудбалер кој правел „валкани“ работи на теренот. Во едно интервју беше искрен за тактиките кои биле правени за чување на офанзивните играчи.

Бразилецот се потсети на договорот што тој и неговите соиграчи морале да го применат за да го запрат Лионел Меси.

„Меси е посебен, не се плаши. Кога ќе го удрите, тој само станува и оди повторно во дуел. За мене тој е меѓу трите најдобри во историјата, тој е луд. Тој е уникатен играч. Кога игравме против него во Бразил, се ротиравме, за да го удираме по нозе се почесто и почесто. Во спротивно, тешко е да се задржи таков играч, мора да го удрите, да го турнете, иритирате“, вели Мело.

Искусниот 37-годишен играч за врска моментално игра за Палмеирас, а претходно играше за Интер, Галатасарај, Јувентус, Фиорентина, Алмерија, Расинг Сантандер, Мајорка, Гремио, Крузеиро и Фламенго.

Се вчитува...