Актуелниот тренер на Денвер Нагетс, Мајкл Мелоун би можел да ја продолжи кариерата во Сан Антонио Спарс.
Денвер Нагетс се одлучи на „чистка“ во стручниот тим, па најпрво беше отпуштен главниот тренер Мајкл Мелоун, а веднаш по него дојде нов шок и веста дека и генералниот менаџер Калвин Бут доби отказ.
Кевин О’Конор тврди дека Мелоун и Бут немале добри односи, па се наведува дека тоа е една од главните причини за промените во тимот.
Но, според американските медиуми, Сан Антонио внимателно го следи пазарот бидејќи Грег Попович не го води тимот откако доживеа мозочен удар во ноември 2024 година.
Постои шанса Грег да ја заврши тренерската кариера и негов наследник да биде токму Мајкл Мелоун, кој се верува дека би има одлична соработка со Виктор Вембањама и Фокс.
Се споменува и дека Милвоки би сакале ангажман на Мајкл Мелоун доколку се разделат со Док Риверс ова лето и максимално го искористат потенцијалот на Јанис Антетокумпо и Лилард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА