Никола Јокиќ одново го предводеше својот Денвер Нагетс до победа со трипл-дабл учинок. Овој пат против Далас што за него воедно тоа е и четвртиот трипл-дабл во низа.
Одличната партија на Србинот ја прокоментира и неговиот тренер, Мајк Малоун кој изјави дека е најдобриот кошаркар на светот.
„Претпоставувам дека после овој натпревар веројатно ќе биде околку петтото место на МВП гласањето. Така да, мора да направи уште повеќе бидејќи тоа што го прави сега не е приметено од никој друг освен од Денвер. Но, со 37 поени, 15 скокови и 18 асистенции и три украдени топки. Начинот на кој играше одбрана при минутажата која ја имаше.
Неверојатен е. Сите сме без зборови и начин да ја опишеме неговата величина и неговото влијание. Мислам дека единствено што може да се каже е дека е најдобар кошаркар на светот. Тоа е моето мислење, тоа е мојот начин да го опишам“, изјави Мелоун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА