Мелсунген со младинци ќе му гостува на Вардар

Продолжението од натпреварите во Лига Европа за Вардар носи дуел со бунделигашот Мелсунген. Натпреварот ќе биде одигран во СЦ „Јане Сандански“ во вторник со почеток од 20 часот и 45 минути.

Се чини дека „црвено-црните“ на овој натпревар ќе имаат олеснителна околност за триумф. Со оглед на најавите за настап на младинците на противникот на средбата.

„На овој начин можеме да ги тестираме играчите од младинскиот погон и од втората екипа и постепено да ги интегрираме во првиот тим.“ Дел од групата што допатува во Скопје се Лино Дукетис, Макс Преглер, Јонатан Атин, Јонас Рике, Леандер Алтена, Леон Штел, Џејсон Вилфер и Павел Кравчик“, изјави помошниот тренер Лемке.

Помошниот тренер посочи дека дел од стандарните првотимци имаат проблеми со повреда и замор. А, дополнително во тимот се проширил и вирус па бундеслигашот ќе им ја даде апсолутната доверба на младите ракометари.

„Им веруваме на младите. Тие веќе покажаа дека се подготвени за вакви предизвици“, додава Лемке.

Се вчитува...