Мелсунген со третата победа во групата во ЕХФ Европската лига

Екипата на Мелсунген ја оствари и третата победа во групата 3 во ЕХФ Европската лига, и така се зацврсти на чело на табелата во групата во која се наоѓа и Вардар. Германскиот тим го совлада Кристијанштад со 33-29.

Немаше да биде чудно доколку и гостите дојдоа до победа, затоа што имаа предност некаде до средината на вториот дел, но потоа домашните успеаја да направат пресврт и да дојдат до третта победа, и веројатно до пласман следната фаза.

Останатите тимови имаат по два порази, вклучувајќи го и Вардар кој денеска загуби од Бенфика со 40-35.

Се вчитува...