Мемеди и Талески се последните засилувања за Брегалница

Екипата на Брегалница го заокружи играчкиот кадар за вториот дел од сезонава со потписот на двајца нови фудбалери, и тоа Аљбан Мемеди и Никола Талески.

Напаѓачот Мемеди е роден во Куманово 2003 година. Во кариерата настапуваше за тетовска Шкендија, Детонит, Воска, Башкими, косовска Лирија, а во редовите на Брегалница доаѓа од Кожуф. Станува збор за офанзивен играч со изразени напаѓачки квалитети, а може да ги покрива сите позиции во нападот.

Талески е 20-годишен корпулентен напаѓач, кој со доаѓањето во нашите редови ќе ја засили конкуренцијата во нападот. Доаѓа од Слога Виница, а претходно настапуваше во Брера, Победа и Беласица.

Се вчитува...