Кошаркарскиот клуб Мемфис има проблеми со повредени играчи во пресрет на натпреварот против Мајами во НБА лигата. Стручниот штаб на Гризлис одлучи во тимот да вклучи играчи од нивниот развоен клуб Мемфис Хасла.
Американските медиуми пренесуваат дека на списокот со повредени кошаркари има дури девет играчи на Мемфис, а надвор од теренот се Жа Морант, Стивен Адамс, Дерик Роуз, Џон Кончар, Брендон Кларк, Џеј Џеј Џексон, Џејк Ларавија, Ксавиер Тилман и Винс Вилијамс.
Тренерот на Мемфис, Тејлор Џенкинс може да смета само на Бисак Бијомбо, Дезмонд Бејн, Џерен Џексон, Лук Кенард, Маркус Смарт и Санти Алдама. Поради ова Џенкинс реши да го пополни тимот од филијалата на Мемфис Хастл, кој игра во Развојната лига.
Мемфис е на последното место во поредокот на Западната конференција со само една победа и шест порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

