Интер е на добар пат да потпише договор со Мемфис Депај, како дополнително засилување за навалната линија на „нероаѕурите“. Холандскиот ас беше поврзуван со Јувентус, Наполи и со Милан во изминатата година, но челниците на Интер направија значаен чекор напред во преговорите, нудејќи директна размена на Барселона – Депај за Жоакин Кореа.
Аргентинскиот голгетер веќе ги договорил личните услови со каталонскиот гигант и е подготвен за преселба на „Камп Ноу“. На Кореа му е јасно дека таму ќе ја грее клупата зад Левандовски, но слична му е ситуацијата и во Интер, па сака што поскоро да го напушти италијанскиот гигант.
Депај начелно е заинтересиран за преселба во Интер, но останува да се средат уште неколку детали, за Холанѓанецот да стави крај на неуспешната авантура во Барселона и да заигра во Калчо-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА