Шпанскиот кошаркар Марк Гасол стана вториот играч во историјата на Мемфис, кому му е повлечен број на дресот. Пред него тоа го доживеа само Зек Рендолф, кој носеше број 50.
Гасол во дресот на Мемфис три пати играше на Ол-стар мечот, а беше прогласен за најдобар дефанзивец во сезоната 2012/2013. Тој кариерата во НБА ја почна во овој клуб, а од клубот од Тенеси настапуваше од 2008 до 2019 година.
Во најсилната лига на светот ги бранеше боите и на Торонто, со кој освои шампионски прстен, а беше дел и од ЛА Лејкерс. Во Европа играше за Барселона и Жирона. Како репрезентативец на Шпанија два пати беше европски првак, и два пати светски. Има и две сребра од ОИ.
Marc Gasol watches his jersey get lifted into the rafters in Memphis 👏 pic.twitter.com/1wWf2UzNjR
— NBA (@NBA) April 7, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

