Мемфис го суспендираше Џа Морант

Џа Морант одново е суспендиран од страна на неговиот клуб Мемфис Гризлис откако на социјалните мрежи се појави ново видео во кое кошаркарот одново мафта со огнено оружје, информираат медиумите во Соединетите американски држави.

Контроверзниот Американец се најде во центарот на вниманието на јавноста и претходно во текот на сезоната кога се појави видео снимка од ноќен клуб каде тој користи огнено оружје. Тогаш се извини за однесувањето, а во текот на суспензијата помина и низ рехаблитација, но сега стана јасно дека не ја научил лекцијата.

Мемфис го суспендира Морант од сите активности, а наскоро се очекува за новата немила ситуација да добие и официјална казна од страна на НБА лигата.

Се вчитува...