Мемфис изненадувачки му даде отказ на тренерот

Мемфис Гризлис објавија дека го отпуштиле тренерот Тејлор Џенкинс. Мемфис реши да го отпушти тренерот кој го водеше тимот речиси шест сезони на девет натпревари пред крајот на регуларниот дел од сезоната.

Ваквиот потег можеби е вообичаен за тимови кои немаат шанси да стигнат до плеј-офот, но за тим кој практично е во плеј-офот и има добри шанси да биде меѓу четирите најдобри на Западот и да обезбеди предност на домашен терен во првото коло е големо изненадување.

„Генерално го ценам придонесот на Тејлор за тимот и градот во последните шест сезони. Ова беше тешка одлука со оглед на постојаниот напредок и развој на играчите и најмногу успесите од претходните сезони. Му посакувам се најдобро на Тејлор“, изјави претседателот и генерален менаџер за кошаркарски операции Зек Клајман.

Се вчитува...