Мемфис од следната сезона во Премиер-лигата?

Мемфис Депај по само една сезона помината во Барселона ќе замине од клубот, пренесуваат шпанските медиуми. Холанѓанецот стигна на „Камп Ноу“ во ерата на Роналд Куман, а и покрај тоа што доби шанса да се избори за своето место и по превземањето на тимот од страна на Чави, истата не ја искористи во најдобро светло.

За неговите услуги интерес покажуваат неколку европски клубови, а последен кој се вклучи во трката е Њукасл. Премиерлигашот потешко од очекувањата стигнува до нови засилувања, но е подготвен да направи се за да дојде до 28-годишниот напаѓач.

За реализација на трансферот на Њукасл му се потребни 20 милиони евра, што значи дека Барселона ќе заработи голема сума за фудбалерот кој го потпиша како слободен играч пред само 12 месеци.

Се вчитува...