Мемфис Гризлис донесоа важна одлука во врска со иднината на франшизата. Најновите информации од НБА велат дека сопствениците на тимот одлучиле да ги разгледаат сите можни понуди за Џа Морант, првата ѕвезда на тимот.
Џа пристигна во Мемфис во 2019 година како втор избор на драфтот, а Гризлис градеа тим околу него од неговото доаѓање. Сепак, јасно е дека го изгубија трпението поради недостатокот на резултати.
Дури ни Морант не блеска на теренот во последно време, а често се истакнуваше со несоодветно однесување надвор од теренот, што влијаеше и на имиџот на целиот тим. Оваа сезона, тој има просек од 19 поени, 3,2 скока и 7,6 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

