Мемфис со тројки во финишот го доби дуелот против Минесота (ВИДЕО)

Мемфис Гризлис ги победија Минесота Тимбервулвс со 116-110 во натпревар од регуларната сезона на НБА. И двата тима беа без своите најдобри стрелци. Ентони Едвардс го пропушти третиот натпревар по ред на Минесота поради повреда на десното стапало, додека Џа Морант беше надвор од игра против Мемфис поради повреда на левиот скочен зглоб.

Мемфис губеше со 76-67 на средината од третата четвртина, но направи пресврт во натпреварот со серија од 14-2, во која шест различни играчи постигнаа поени. Тројките на Џок Ландејл, Кентавиус Колдвел-Поуп и Џарен Џексон Џуниор им донесоа на Гризлис водство од 81-76.

Минесота ја намали разликата на 96:94 во последната четвртина по поенот на Наз Рид, но Лендејл погоди уште една тројка на 3:22 минути до крајот и му донесе на Мемфис водство од пет поени.

При резултат 106:103, Лендејл ја погоди својата четврта тројка во натпреварот, поставувајќи рекорд во кариерата, а Џексон ја потврди победата на домашниот тим на 47 секунди до крајот.

Џарен Џексон го предводеше Мемфис со 28 поени и 12 скока. Гореспоменатиот Џок Ландејл запиша дабл-дабл со 20 поени и 10 скока, додека Џејлен Велс со 17 поени, Седрик Каудард со 13 и Кентавиус Колдвел-Поуп со 12 поени исто така имаа значаен придонес.

За Минесота, Џулиус Рендл беше предводник со 21 поен, Донте ДиВинченцо додаде 19 поени и 11 скока, додека Руди Гобер имаше 16 поени и 16 скока. Наз Рид исто така постигна 16 поени.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Чикаго – Кливленд 127-111

Минестоа – Мемфис   110-116

Се вчитува...