Мемфис „тесно“ против Орландо, 62 поени на Букер недоволни за Феникс

Во сенка на партијата на животот на Лука Дончиќ, кој постигна 73 поени во дуелот против Атланта, ноќеска се одиграа уште неколку интересни НБА натпревари.

Најнеизвесно беше на дуелот Мемфис – Орландо, кој домашниот тим го доби на крај со само еден поен предност (107-106). Иако во еден миг Гризлис водеа и со +11 во последниот период, меѓутоа гостите се вратија, но не успеаја да направат пресврт. Џексон со 30 поени беше најефикасен.

Неизвесно беше и на дуелот Индијана – Феникс, откако со кош во последните мигови, домашните кошаркари стигнаа до победата 133-131. Инаку во поголемиот дел од мечот, Феникс имаше предност, во еден миг 17 разлика, а имаше предност и во последниот период, но го „прокоцка“, за победа на домашните. Залудна одличната партија на Букер кој постигна 62 поени.

РЕЗУЛТАТИ:

Атланта – Далас 143:148
Шарлот – Хјустон 104:138
Индијана – Феникс 133:131
Торонто – ЛА Клиперси 107:127
Мемфис – Орландо 107:106
Милвоки – Кливленд 100:112
Њу Орлеанс – Оклахома 83:107
Сан Антонио – Портланд 116:100

Се вчитува...