Мемиќ: Ова е одличен успех за младинскиот македонски ракомет!

Младинците на Е. Пелистер остварија фантастичен успех на турнирот во Букурешт, каде со две победи над Киелце и над Динамо Букурешт македонскиот тим успеа да се избори за место на фјаналфор турнирот во Келн во младинската лига на шампиони што ЕХФ за првпат ја организираше оваа сезона.

По големиот успех тренерот на „пелистерци“, Фарух Мемиќ даде свое мислење…

„Ова е одличен успех за македонскиот младински ракомет и прекрасно искуство за мене како тренер. Првиот натпревар против Келце го добивме полесно од очекуваното со убедливо водство и одлична игра во текот на сите 60 минути каде што шанса за настап добија сите играчи во составот. Вториот натпревар беше далеку понеизвесен до самиот крај. Со оглед на тоа дека игравме со организаторот домаќин, кој што имаше подршка од солидната посетеност во текот на целиот натпревар, нашите момци одлично се снаоѓаа на теренот. Верувам во моите момци со кои функционираме како семејство. Самиот пласман на Ф4 турнирот во Келн е одличен успех за нас како клуб и држава. Младинските екипи дури и на ракометни великани се една непознаница за нас, меѓутоа не се предаваме и одиме во Келн да се надигруваме и да се претставиме во најдобро светло. Им честитам на моите играчи за оствареното, кое што беше еден вид мој роденденски подарок. Жалам што и покрај тоа што во македонските клубови поседуваме одлични играчи од генерација 2006/07 не успеавме да се пласираме на светското првенство во Египет. Од друга страна навистина е жално што од овие играчи никој досега не е повикан за репрезентација, само поради фактот што играат во Е. Пелистер“, изјави Мемиќ. 

Се вчитува...