Меморандум за соработка помеѓу Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), Алијансата за родова еднаквости и МОК

Денеска официјално се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), Алијансата за родова еднаквости и Македонскиот олимписки комитет!

Меморандумот го потпишаа Нина Ангеловска, Претседателка на АЕТМ и основач на Алијансата за родова еднаквост на работното место, и Даниел Димевски, Претседател на Македонскиот олимписки комитет.

Оваа соработка претставува важен чекор кон поврзување на е-трговијата, дигиталната економија и спортот – со заедничка цел да се поттикне дигитална трансформација, зголемена видливост и одржлив развој на спортските организации преку современи е-комерц решенија.
Главни цели на соработката:
Развивање на заеднички активности и проекти за промоција на спортот и дигиталната економија;
Поддршка на дигиталната трансформација на спортските организации и зголемување на нивната одржливост;
Размена на искуства, знаења и ресурси меѓу спортот и секторот за е-трговија;
Поттикнување на еднакви можности и инклузивност во рамките на секторот за е-трговија и спортските организации;
Промовирање на женското лидерство и родовата еднаквост како двигатели на иновации, напредок и конкурентност.

Ова партнерство покажува како преку заедничка визија и соработка можеме да создадеме поинклузивна, дигитална и праведна иднина – каде што спортот и секторот за е-трговијата одат рака под рака кон подобро општество.

Се вчитува...