Менаџерот на Далас пак се бламира: Знаев дека Лука е важен, ама до толку…

Генералниот менаџер на Далас, Нико Харисон, продолжува да се појавува во јавноста и да ја брани својата одлука да го избрка Лука Дончиќ од клубот, на негово место носејќи го Ентони Дејвис.

Далас беше елиминиран во плејинот и воопшто не се пласираше во плејофот додека Дончиќ игра во топ форма во дресот на ЛА Лејкерс, но Харисон стои цврсто на ставот дека ја донел вистинската одлука кога се откажал од суперталентираниот Словенец.

„Титули се освојуваат со добра одбрана, јас стојам зад тоа и верувам дека ќе го докажеме тоа следната сезона. Имавме добар тим, но поради повредите не можевме да влеземе во ритам. Јас верувам во овој тим, не треба да ме осудувате заради оваа сезона, треба да се гледа мојата работа откако дојдов во клубот. Трејдот на Дончиќ беше моја одлука како генерален менаџер, не на газдите… Знаев дека Лука им е важен на фановите, но не знаев дека до толку се приврзани за него“, истакна Харисон, за што беше повторно жестоко критикуван преку социјалните мрежи од бесните навивачи на Далас.

Се вчитува...