Менаџерот на УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов потврди за ЕСПН дека неговиот клиент нема намера да му пружи шанса за реванш на Конор МекГрегор. Али Абделазиз ги демантираше гласините за нова борба меѓу Хабиб и Конор…
„Единствена шанса тие двајца повторно да се борат е ако се сретнат некаде на улица“ – вели Абделазиз и дополнува:
„Конор е обично г..но, дали ви е тоа јасно? За да добие нова борба мора да направи нешто спектакуларно. Тој е ѕвезда само затоа што е најголемо ѓубре, и само со одвратни навреди кон противниците опстојува во јавноста. Да бидеме реални, не го сакаме тој лик и никогаш нема да го сакаме. Веројатно ќе има проблеми секогаш кога би се виделе. Тој ги навредуваше нашите семејства, раса, вера. Ги мина сите граници, а тоа со Хабиб не може така“.
Конор загуби од Хабиб во 2018 година, а дури неодамна имаше нова борба победувајќи го Доналд Чероне. По таа негова победа почнаа шпекулациите за нова борба и со Хабиб. Но, очигледно Ирецот ќе мора да почека. Следниот предизвик за Нурмагомедов, пак, е на 18. април против Тони Фергусон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА