После повредата на првиот голман на Њукасл, Ник Поуп, кој ќе паузира во следните 4-5 месеци, се чинеше дека тимот ќе тргне по нов голман. Се шпекулираше со името на Давид де Геа, кој е слободен агент откако не му беше продолжен договорот со Манчестер Јунајтед.
Меѓутоа менаџерот на Њукасл Еди Хау, демантираше дека неговиот клуб почнал било какви преговори со Де Геа за негов ангажман.
„Не направивме ништо во врска со Де Геа. Верувам во Мартин Дубравка. Од секогаш сме имале доверба во него. Тој е одличен голман“, изјави Хау.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА