„Менаџерот“ Погба во акција: Французинот и расипува работа на Барселона

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба со новите објави на социјалните мрежи покрена лавина старо-нови шпекулации.

По триумфот на „црвените ѓаволи“ против Сити од 3-2, Жозе Мурињо ги награди своите фудбалери со два дена одмор. А, „менаџерот“ Погба слободното време го искористи како би се посветил на своето хоби – „намамување“ на фудбалер на „Олд трафорд“.

Манчестер јунајтед веќе извесен период се „додворува“ на Гризман… Токму поради тоа многумина сметаат дека Погба сега е во акција да го убеди сонародникот да дојде во Јунајтед, па сега имаше целодневно дружење со Гризман кој, пак, последниот период се поврзува со трансфер во Барселона.

Колку за потсетување, во европската фудбалска јавност се смета дека Погба бил главниот кој го убедил Ромел Лукаку да дојде на „Олд Трафорд“ минатото лето иако Белгиецот беше блиску до Челси. Сега, ќе биде малку потешко да и ги расипе „сметките“ на Барселона која е решена да го донесе Гризман во своите редови.

Се вчитува...