Мендеш ја критикува УЕФА: Роналдо е најдобар, одлуката е срамна и смешна

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ ја прекина доминацијата на Кристијано Роналдо и на Лионел Меси во изборот за најдобар фудбалер, а Португалецот воопшто и не го удостои организаторот со своето присуство, откако најверојатно доби информација дека тој нема да биде добитникот на наградата. Веднаш дојдоа реакции и од неговиот агент, Жорге Мендеш.

„Фудбалот се игра на теренот, а таму Кристијано е победник. Тој постигна 15 гола и беше творецот на новата титула на Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Ова е срамно и смешно“, изјави Мендеш.

Директорот на Јувентус, Џузепе Марота, исто така застана во одбрана на Роналдо.

„Одлуката да не се појави на манифестацијата е личен став на Роналдо. Но, мора да се знае дека оваа награда е за настапите во Лигата на шампионите, а не поради изданието на Светското првенство. Тоа е под закрилата на ФИФА“, истакна Марота.

Лука Модриќ (313) доби 90 гласови од Кристијано Роналдо во изборот за најдобар фудбалер за сезоната 2017/18, а на третата позиција остана Мохамед Салах.

 

Се вчитува...