Мендеш: Роналдо инсистираше…, или Јуве или ќе завршам кариера!

Менаџерот на Кристијано Роналдо, Португалецот Жорге Мендеш признава дека еден од најдобрите светски фудбалер инсистирал на преселба во Јувентус.

Трансферот бил внимателно планиран иако на почетоко се изгледало како невозможна мисија…

„Кристијано ми кажа дека сака да игра единствено за Јувентус. Па, со месеци преговаравме сето тоа да го оствариме. Во јануари само ние неколку лица знаевме што се случува, но знаевме и дека ќе биде тешко да се реализира тој трансфер. Идејата дојде само од него, ми рече дека само Јувентус доаѓа во предвид. Или Јуве или, во спротивно, размислуваше дури и да стави крај на кариерата… Така се почна и потоа со месеци преговаравме со директорите на Јувентус, и сите знаеме како завршија преговорите“ – вели Мендеш и дополнува:

„Кристијано сега е пресреќен во новиот клуб, со соиграчите и со тоа како се игра фудбал во Серија А“.

Јувентус е убедливо прв во Серија А по 16 одиграни кола, но сите во клубот максимално го посакуваат пехарот од Лигата на шампионите.

Се вчитува...