Реал Мадрид го претстави Ферлан Менди како ново засилување. „Кралскиот клуб“ плати 48 милиони евра за новото засилување кое доаѓа од Лион и има неверојатна приказна. Пред 10 години докторите му кажале дека воопшто нема да може да игра фудбал.
„Пред 10 години имав операција на колкот и останав неколку месеци во болница. Тогаш ми кажаа дека веќе нема да можам да играм фудбал. Но, јас никогаш не се откажав да верувам и ете, дојде денот кога станав ќлен на Реал Мадрид. Мојот сон стана реалност. Кога ми се јавија од раководството, едноставно не можев да верувам. Многу сум среќен што потпишав за најголемиот клуб во светот и верувам дека заедно ќе освоиме многу трофеи“, изјави Ферлан Менди на промоцијата како нов фудбалер на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА