Менди прогласен за невин: Кој ќе му ги врати животот и кариерата?

Бенжамин Менди ја извојува најголемата победа во животот откако судот во Манчестер денеска го прогласи овој фудбалер за невин по обвиненијата за силување на две жени во неговата куќа во оовој англиски град.

На Менди му се закануваше повеќегодишна затворска казна доколку беше прогласен за виновен, но судењето кое траеше повеќе од една година на крајот заврши со ослободителна пресуда.

Овој 28-годишен фудбалер не ги оправда очекувањата со слаба форма во дресот на Сити, но кошмарот почна по обвиненијата за силување. Приказната заврши позитивно за франускиот фудбалер, кој добива поддршка од сите страни, а најконкретен во коментарите беше Мемфис Депај.

„Сите обвиненија се отфрлени и што сега… Кој ќе му помогне на овој брат да ги залечи раните. Кој ќе одговара за штетата, за дамката на неговото име. Кој ќе му ги врати овие две години од животот и кариерата. Се сретнав со него еднаш во овие две години, можам да кажам дека не видов никакво зло во неговите очи, беше јасно дека е невин. Не можеме да дозволиме вакви работи да ни се случуваат на нас спортистите, кој ќе застане зад нас кога ќе биде направена волкава штета“, порача Депај.

Се вчитува...