Банџамин Менди се посрамоти и за малку не се повреди на божикната забава на Манчестер сити за играчите и за вработените во клубот.
Менди во улога на ди-џеј тргнувајќи кон бината, паднал преку масата и го привлекол вниманието на 500 луѓе присутни на забавата на Сити.
За среќа, францускиот фудбалер во „несреќата“ мина без повреда, успеа да стигне до „работното место“ и да ги забавува присутните со музика.
Менди на крај добро помина бидејќи лесно можеше дополнително да го повреди коленото поради кое пропушти поголем дел од сезоната и ќе биде вон терен до февруари.
Освен шоуто на ди-џеј Менди, фудбалерите на Манчестер сити добро се забавуваа и со караоке шоу, а тренерот Пеп Гвардиола и украде момент и на забавата да го гледа натпреварот меѓу Тотенхем и Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА