Најџел Хејс Дејвис ги надмина проблемите со повредата и минатата седмица конечно се врати во тимот на Панатинаикос, а американскиот крилен кошаркар повторно се најде во центарот на вниманието.
Тој беше критикуван ланската сезона поради недоволната желба за игра што ја покажува во сооднос со парите што ги заработува, но екс-кошаркарот на Фенербахче дефинитивно живее во свој свет.
„Лудите грчки навивачи сакаат да ме потсетат колку многу заработувам. Јас секогаш гледам како да помогнам на другите. Ме мотивираат ситуации во кои можам некому да дадам 100 евра за да минам преку ред за да не чекам целл час. Се присетувам на тоа и кога не ми се тренира во петниот период. Всушност, и не е толку тешко да се игра кошарка“, изјави Хејс Дејвис за грчкиот портал „Газета“.
„Многу ме плаќаат за да можам да играм детска игра, додека постојат луѓе кои минуваат тешко низ животот. Мојата работа се состои од тоа Жељко два часа да се дере на мене, а потоа си одам дома и правам се што ќе посакам. Разбирам дека сум во повластена позиција, дека животот ми е многу лесен и не го земам тоа здраво за готово“, додаде американската евролигашка суперѕвезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
