Менхенгладбах водеше, на крај се спасуваше против Мајнц

Борусија Менхенгладбах и Мајнц одиграа одличен натпревар на отворањето на 7. коло во Бундеслигата, играјќи нерешено 2-2. Двата тима се сменија во водство, и на крајот поделија по еден бод.

Нојхаус во 22. минута успеа да донесе предност, но радоста траеше само две минути, откако Груда во 24. минута го израмни резултатот.

Баркок во 75. минута успеа да ги шокира трибините на „Борусија Парк“ со водство на Мајнц, а Скели во 88. минута го спаси домашниот тим од пораз.

Се вчитува...