Десниот бек на Белгија, Томас Мение ги искажа своите очекувања од натпреварот со Македонија. Тој кажа дека ниту еден противник не смее да се потцени, потсетувајќи се на минатото кога играле мечеви со послаби селекции, и кога поминувле лошо.
Мение рече дека повеќе нема мали и големи екипи и селекции, и дека против секоја мора да се пристапи максимално одговорно.
„Треба да разбереме дека имаме направено многу грешки потценувајќи селекции кои биле рангирани послабо од нас. Во секој меч треба да го дадеме најдоброто од себе, не постојат веќе големи и мали селекции. Секоја репрезентација и екипа е своја, и треба да ги гледаме натпреварите еден по еден. Мораме максимално да пристапиме на секој натпревар“, рече Мение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

