Мајк Мењон, голманот на Милан и репрезентацијата на Франција очигледно се уште не се откажува од желбата за настап на претстојното Светско првенство.
Најдобриот чувар на мрежата во Серија А минатата сезона ја обнови повредата што ја заработи во септември за време на Лигата на нации. Тој повторно има проблем со мускулот на ногата, а првичните информации беа дека ќе мора да паузира до крајот на годината.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли најави дека Мењон би требало да биде подготвен за натпреварите во јануари, но голманот има друга идеја. Заминал за Франција на нов третман и тоа во тренинг-центарот на француската репрезентација, „Клерфонтејн“. Докторите на националниот тим ќе се обидат да го забрзаат процесот на рехабилитација за Мењон да има шанса да биде повикан за Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА