Мењон стави потпис – во Милан до 2031 година

Милан заврши клучна работа на пазарот, и тоа не со потпис на нов фудбалер туку со задржување на клучен играч во актуелниот играчки кадар на Масимилијано Алегри.

Голманот Мајк Мењон ќе продолжи да ги брани боите на Милан откако денеска потпиша нов договор, со важност до јуни 2031 година. Ова е исклучително важно ако се знае дека досегашниот договор на Французинот истекуваше на крајот од сезонава, па постоеше сериозна опасност тој летово без никаква отштета да си замине од „Сан Сиро“.

Сепак, беспрекорната соработка со тренерот Алегри го седна Мењон повторно на маса со актуелниот клуб, овојпат за разлика од ланските преговори беше најден заеднички јазик, за денеска да следи и официјален потпис на договорот.

Мајк Мењон е член на Милан од 2021 година и досега има 188 одиграни натпревари во дресот на „росонерите“.

Се вчитува...