Maкедонскиот фудбалски прволигаш Воска Спорт постигна договор со Бразилецот Андре Менсалао кој во тимот од Охрид доаѓа од ерменскиот тим Западна Ерменија. Менсалао е исто така познато име во мак-фудбалот бидејќи тој во 2022 година ги бранеше боите на Шкендија.
Инаку, тој е централен играч за врска кој игра и како офанзивен и лев играч за врска. Кариерата ја започна во родниот Бразил, додека прва европска авантура му беше Ерменија, каде исто така помина повеќе време, носејќи го дресот на Лори Ванадзор, ФК Севан, Пјуник Ереван и неодамна Западна Ерменија.
Тој беше дел и од кипарската фудбалска елита, носејќи го дресот на Етнико минатата година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

