Мерак за сите пари: Кој не полуди, не е Македонец…среде Љубљана (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Љубљана, 

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Ние сме НЕНОРМАЛНИ, рече Филип Деспотовски и им објасни на Словенците како слави Македонија спортски успех. Оваа одбојкарска репрезентација има големи мадиња, изградена е од „спартанска крв“ и потполно замолкна околу 8.000 фанови во „Стожице“ кои речиси во текот на целиот меч пееја „Кој не скока не е Словенец“…

Но, на крајот испадна „Кој не полуди, не е Македонец“, и три бода в џеб од пресметката со домаќинот и еден од претендентите за највисок пласман на Европското првенство.

Македонските навивачи повторно сакаа фотографија за спомен со одбојкарите, селфи со Ѓоргиев, Љафтов, Маџунков и останатите, а на крајот сите заедно и пред автобус на заминување кон хотел ја запеаја неофицијалната нивна химна „Бисер Балкански“….

Само една има вистина, има една Македонија…

 

Се вчитува...