Мерџани: Среќен сум за голот, сакаме оваа победничка серија на Струга да трае

Фудбалерот на Струга ТЛ Зија Мерџани, го постигна првиот гол на вчерашниот натпревар за својот тим во победата над Работнички од 2-1. Крилниот играч успеа да погоди после една добра акција и да го открие резултатот.

Мерџани вели дека е презадоволен од постигнатиот гол, но и дека посакува неговиот тим да продолжи со победничката серија.

„Мислам дека одигравме еден добар натпревар. И пред мечот кажав дека ќе биде тежок натпревар, бидејќи ја знаеме силата на Работнички. Сепак, презедовме се боревме многу за да дојдеме до трите бода на наш терен. Што се однесува до постигнатиот гол, презадоволен сум бидејќи го отворив резултатот. Како и да е се надевам дека ќе можеме да продолжиме вака како екипа и понатаму и ќе имаме што подолга победничка серија“, рече Мерџани.

Следниот предизвик за Струга ТЛ е гостувањето против Шкендија во Тетово.

Се вчитува...