Шаховската федерација на Македонија одржа вонредно Изборно собрание и го одбра Воислав Мерџаноски за нов претседател, на оваа функција наследувјаќи го Саша Богдановиќ.
Во хотелот „Континентал“ се одржа настанот кој започна со минута молк за спомен на настраданите во пожарот во Кочани. На ова Собрание присуствуваа 30 делегати од клубовите со право на глас.
Прво беше презентирана работата на Управниот одбор и финансискиот извештај за 2024 година. Откако Собранието ги усвои, следеше изборот за претседател.
Кандидати за оваа позиција беа Воислав Мерџаноски и Оливер Деркоски кои ја претставија својата кандидатура. Со мнозинство гласови, поточно 18 „ЗА“ за нов претседател беше избран Мерџаноски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА