Мерион и Стодемаер ќе станат бесмртни во Феникс

Двете легенди на Феникс санс, Шон Мерион и Амаре Стодемаер ќе добијат големи почести од НБА тимот.

Санс објавија дека двајца играчи ќе бидат примени во „Кругот на честа“ на тимот, а нивните дресови со бр. 31 и 32. ќе бидат повлечени.

Во нивна чест пред навивачите ќе се одржат две свечености, а датумите ќе бидат објавени подоцна во годината. Мерион го носеше дресот на Феникс од 1999 до 2008 година и одигра 660 натпревари. Стодемаер беше негов соиграч пет години, а во Феникс мина осум сезони (2002-2010).

 

Се вчитува...