Премиерлигашите ги дознаа своите противници за третото коло во англискиот ФА куп, а уште во раната фаза на ова натпреварување ќе има големо дерби, Ливепрул го пречекува градскиот ривал Евертон на „Енфилд роуд“.
Бранителот на овој трофеј, тимот на Арсенал ќе гостува кај Нотингем форест, додека Тотенхем ќе има лесна задача пред своја публика против Вимблдон.
Минатогодишниот финалист Челси ќе патува за Норвич, а двете екипи од Манчестер, Јунајтед и Сити за влезот во следното коло ќе борат пред свои навивачи. „Црвените ѓаволи“ ќе го пречекаат второлигашот Дерби каунти, додека „граѓаните“ ги очекува и не така лесна пресметка против најпријатното изненадување во овогодинешната сезона во Премиер – лигата, Барнли.
Натпреварите од третото коло во ФА купот ќе се одиграат од 5. до 7. јануари 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА