Мертенс даде гол против Барса и се повреди: Ќе паузира десетина дена

Белгискиот интернационалец Дрис Мертенс го постигна голот за Наполи во ремито (1-1) против Барселона во Лигата на шампионите, но не го доигра првиот осминафинален меч од елитната европска клупска конкуренција. Поради повреда на скочниот зглоб мораше предвреме да го напушти теренот.

За среќа на Џенаро Гатузо, повредата на Мертенс не е многу сериозна и тој ќе паузира десетина дена. Ова значи дека ќе го пропушти натпреварот од Серија А претстојниов викенд против Торино.

 

Се вчитува...