Дефанзивецот на премиерлигашот Арсенал, Пер Мертесакер и во иднина ќе го носи дресот на лондонскиот клуб, откако денеска стави потпис на нов едноиполгодишен договор со „топчиите“. Задоволството за продолжување на договорот, не го криеше и стратегот на тимот, Арсен Венгер…
„Одлуката за продолжување на договорот со Мертесакер не беше воопшто тешка за Арсенал. Тој е лидер на тимот и убедени сме дека може многу да помогне со своето искуство. Мертесакер е одличен на теренот и е од голема помош со неговиоте тенички способности а е добар и во скок-акциите“ – истакна Венгер.
Германскиот одбранбен фудбалер е член на тимот од „Емирати“ од 2011 година и досега одигра вкупно 207 натпревари и осумпати се запиша во листата на стрелците. Претходно во кариерата, настапуваше за Вердер Бремен и Хановер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА