Шампионскиот тим на Мерцедес го промовираше новиот болид W3 со кој ќе се бори за задржување на доминацијата во Формула 1 шампионатот. Луис Хамилтон и Валтери Ботас ќе се обидат да го направат Мерцедес првиот тим во историјата што освоил шест последовни титули и во конкуренција на возачи и во конкруенција на конструктори истовремено.
„2018 беше одлична, но имам чувство дека 2019 ќе биде уште подобра. Сакам да постигнам повеќе, ќе продолжам да притискам, се чувствувам моќен и подготвен за напад“ – изјави на промоцијата актуелниот формула 1 шампион, Хамилтон го почнува новиот двегодишен договор, а амбиција му е да стане вториот кој освоил шест шампионски трофеи.
Валтери Ботас и во претстојната сезона, трета по ред останува партнер на Хамилтон во тимот. Тој ќе се обиде да ја надмине 2018 година во која не успеа да забележи ниту една победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА