Шампионите од Мерцедес и нивниот главен конкурент Ферари во растојание од неколку часа ги претставија болидите за новата сезона во Формула 1.
Пред официјалната церемонија, прв пак на патеката „Силверстоун“ се појави црниот болид на Мерцедес W09EQ. честа прв да седне зад воланот на болидот ја имаше Валтери Ботас, а потоа во новиот болид го проба и светскиот шампион Луис Хамилтон.
Само неколку часа подоцна, во Маранело беше претставен и новиот болид на Ферари SF71H. Болидот на Ферари е во традиционалната црвена боја, со многу помалку бели детали за разлика од претходните години. На новиот болид на италијанскиот тим во новата сезона за прв ќе ја нема рекламата на Сантандер бидејќи шпанскиот финансиски гигант реши да стави крај на своите спонзорски договори во Ф1.
Од утре на патеката „Каталуња“ во Барселона стартуваат официјалните претсезонски тестови, а новата сезона во Ф1 почнува на 25 март во Мелбурн, а заврѓува на 25 ноември со трката во Абу Даби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА