Мерцедес побрз од Ферари: Ботас до пол-позицијата во Сочи

Валтери Ботас стигна до својата втора пол-позиција сезонава, вкупно шеста во кариерата откако возачот на Мерцедес ја доби битката со тимскиот колега Луис Хамилтон на патеката во Сочи. Финскиот возач ќе ја стартува утрешната трка за ГН на Русија од првата позиција, сосема заслужено откако денеска извозе перфектно, оставајќи ги зад себе играчите што се наоѓаат пред него во генералниот пласман.

Тој имаше минимална предност во однос на Хамилтон од 0,003 секунди во пресрет на последниот круг од квалификациите, но Ботас извозе извонредно кога беше најважно, ја зголеми предноста и заслужено ја сочува пол-позицијата.

Хамилтон ќе тргне од второто место, а најважно за актуелниот светски првак е што сепак се наоѓа пред Себастијан Фетел, кој со речиси половина секунда послабо време дојде само до третата позиција, пред тимскиот колега Кими Раиконен.

Се вчитува...