Мерцедес сака да го доведе Макс Ферстапен

Мега трансфер би можел да се случи во следната година во Формула 1. Имено, Тото Волф го потврди интересот на Мерцедес да го доведе Макс Ферстапен.

„Ние сме многу транспарентни за сè што правиме и планираме, така е откако сум овде. Тоа не е проблемот. Во овој момент, треба да ја истражите иднината, но тоа не го менува она што го кажав за Џорџ и Кими партнерство од кое сум многу среќен. Но, секој би сакал да има четирикратен светски шампион во својот тим. Ќе видиме што ќе се случи во иднина“, изјави Волф.

Ферстапен е под договор со Ред Бул до 2028 година, но наводно во него има клаузули кои би можеле да доведат до предвремено заминување од тимот.

Се вчитува...