Возачот на Мерцедес, Валери Ботас победи на последната трка сезонава во Формула 1 за Големата награда на Абу Даби. Неговиот клупски колега Луис Хамилтон, како што е познато, уште од претходно си ја обезбеди годинашната шампионска титула.
Финецот беше најбрз во квалификации па како прв стартуваше на денешната трка на која добро започна и до крајот без проблеми си ја одржуваше предноста. Втор на целта пристигна Луис Хамилтон кој се чини не форсираше, без некоја нагласена желба да го престигне својот клупски колега.
Веднаш за двајцата возачи на Мерцедес, завршија возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен, а првите десет ги комплетираа и Верстапен, Хукленберг, Перез, Окон, Алонсо и Маса.
Завршена е уште една сезона во Формула 1, а шампион е стариот Луис Хамилтон (363 бода). Ова е четврта титула на Британецот во кариерата со што се израмни со Себастијан Фетел. Германецот заврши како втор со 317 бода, трет Ботас (305), додека четврти во генералниот пласман е Кими Раиконен (205 бода).
Во генералниот пласман кај конструкторите, Мерцедес славеше пред Ферари со што дојде сезоната си ја заврши со три круни: Ботас победи за Големата награда на Абу Даби, а освоија шампионат и кај возачите и кај конструкторите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА