Феноменалмо стартуваше новата сезона за тимот на Мерцедес во Формула 1,откако германскиот тим стартуваше со еден-два победа на трката за големата награда на Австралија.
До победата стигна првиот возач на Мерцедес, Британецот, Џорџ Расел пред неговиот клупски колега, Кими Антонели. Подиумот го надополни возачот на Ферари, Шарл Леклер.
Потоа следуваше неговиот клупски колега Луис Хамилтон, па актуелниот шампион Ландо Норис. Неверојатниот Макс Ферстапен од 18 позиција на крајот стигна до 6. место.
Во топ 10 се најдоа уште и: Берман, Линдбалд, Бортолето и Гасли, а пред самиот старт на трката голема грешка направи Оскар Пјастри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

