Металург денеска (17.30 ч.) во Скопје го пречекува Мешков Брест, во натпреварот од регионалната СЕХА лига. Но, интересно е што белорускиот првак денеска, само час и половина пред дуелот во Скопје игра уште еден натпревар на оддалеченост од 2.095 километри, во Гомељ во домашниот шампионат.
Бидејќи Мешков Брест покрај настапот во СЕХА лигата има обврска да игра и во првенството на Белорусија, а во календарот нема многу простор за отстапки, белорускиот состав ќе ги одуигра и двата натпревари во ист ден. Еден дел од тимот под водство на тренерот Сергеј Бебешко ќе игра во Гомељ, а 11 играчи предводени од Андреј Мочалов и Павел Башкин ќе играат со Металург во Скопје.
Во Скопје освен Бебешко на клупата, во составот нема да бидат: Пешиќ, Мацкевич, Јуринок, Рутенка, Разгор, Будејко, Шкурински, Ѓорѓиќ, Хорак, Омелјанчук, Астрашапкин, Шилович, Шумак, Селвесјк, Никуленков и Силко.
Тоа отвора шанса за Металург во овој дуел против Мешков Брест, иако ни Александар Јовиќ ќе го нема на располагање најсилниот состав во кој недоистасуваат Пешевски, Јагањац и Танковски.
Натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ почнува во 17.30 часот, а влезот е слободен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА