Мешков Брест му го „украде“ Дмитриј Санталов на Вардар

Рускиот ракометар Дмитриј Санталов, сепак, нема да го засили Вардар. Иако беше договорен за да ги засили „црвено-црните“ редови, тој се премисли и потпиша тригодишен договор со Мешков Брест. По Сташ Скубе, ова е вториот вардарец, иако несуден, што заминува во редовите на белорускиот клуб.

Санталов игра на левата бековска позиција, но нема да биде дел од составот на Стевче Алушовски. Санталов во Вардар ги „броеја“ како засилување, но очигледно дека договор сепак не бил потпишан.

Вакуумот што се појави по примопредавањето на клубот од Сергеј Самсоненко кон Михајло Михајловски, очигледно влијаеше и на одлуката на Дмитриј Санталов сепак да го промени правецот и наместо во Скопје да долета во Белорусија.

Се вчитува...