Аргентина со убедлив триумф над Хаити (4-0) ги стартуваше подготовките за Светското првенство во Русија, а блескаше Лионел Меси кој постигна хет – трик. Но, потоа ги изненади фановите во родната земја дека Аргентина сепак не е главен фаворит за освојување на трофејот на претстојниот мундијал.
„Имаме импресивни фудбалери и освојување на трофејот е сон на сите нас, но и на целата нација. Но, ние не сме главни фаворити за титулата, затоа што имавме многу тежок пат низ квалификациите. Мискам дека тоа не чинеше многу скапо. Но, од ден во ден ќе бидеме се подобри. Силни сме, можеме да играме против секого, а мораме да победиме во групата, за да си „купиме“ мир пред нокаут фазата. Не очекуваат тешки и неизвесни натпревари. На Светско првенство нема многу логика, се случуваат и многу чудни резултати“, изјави Лионел Меси.
Селекцијата на Аргентина е во групата Д, заедно со Хрватска, Исланд и со Нигерија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА